Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ВАЊА КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА КОГА Ѝ БИЛО ПУКАНО ВО ГЛАВАТА ОДЗАДИ, ЧИТАШЕ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОКАЗИ ВО СУД

Обдукциониот наод не покажал дека претходно 14-годишната Вања Ѓорчевска била угушена.

(Фото: СДК.МК)

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска била жива кога било пукано во неа, кажа Обвинителството на денешното судско рочиште за убиството. Обдукциониот наод не покажал дека претходно била угушена. Пукано е од пола метар, одзади, понадесно. Таа се движела по кал пред да биде ликвидирана. Убиена е клечејќи. Имала кал под ноктите и стисок со врвот на патиките во истaта кал од под ноктите.

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени, според материјалните докази кои Обвинителството на денешното продолжение на судски процес ги презентира пред судот и јавноста.Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, обвинети за грабнување и убиство на свиреп начин на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, воопшто не поднеле докази за нивна одбрана.Тие признаа вина дека се соучесници во двата страшни крвни деликта и ја однесоа полицијата кај телата на жртвите убиени, како што велат, од обвинетиот Љупчо Палевски.

Дупката во која бил закопан Жежовски била длабока 60 сантиметри. Најдена е чаура до дупката во Велес. Обвинителката потоа наведе и слики од мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње. Приложи и фотографии од увид на местото каде што беше најдено телото на Вања, како и од куршумот изваден од нејзината глава.

Потоа беше наведен извештајот од обдукцијата, во делот за резултатите од земените брисеви од леплива лента од устата на убиената Вања. Утврдено било дека ДНК од лентата била од Вања и од Велибор Манев.

Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, пак, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата.

Првообвинетиот Љупчо Палевски реагираше дека обвинителката треба да каже и за вештачената церада во која бил завиткан Панче, т. е. дека отисоци и траги од него немало ни тука.

Обвинителките кажаа дека само изведуваат докази, а потоа ќе ги поврзат јасно и гласно на овој судски процес.

Извор СДК.МК

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ