- Христијан Мицкоски станува и легнува да остани во Белата палата, него му е клучна белата палата. Власта му ја дава Белата палата, него Илинденска бб или Премиер на Влада му носи проблеми бидејќи треба да стане, да оди на работа, да решава проблеми да носи одлуки итн.
Гледате дека човекот бега од одлуки, човекот има проблем како да се соочи и да прифати одредена одлука и како да реализира одредена одлука бидејќи секогаш кога Христијан Мицкоски не е сигурен дека ќе победи, тој бега од проблемите.
Како што бегаше од локалните избори во Штип, што ќе рече дека Христијан Мицкоски за разлика од Никола Груевски кој направи заробена држава и со помош на таа заробена држава владееше десет години со власта во Македонија, Христијан Мицкоски сака да формира заробена партија, и со помош на таа заробена партија без разлика дали губи или добива сака да остане на власт во Белата палата.
Васко Ефтов во ,,Во центар”.