ВАСКО ЕФТОВ : КАКО ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ВО ПРЖИНСКАТА ВЛАДА ВО 2020 ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ДИСТАНЦИРА ЗАЕВ ОД СДСМ И ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ПАРТИЈАТА, ПА ЗАТОА ЗАЕВ ВО 2022 ЗА ПРЕМИЕР СЕ ОДЛУЧИ ДА ГО ПОСТАВИ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

0
177
  • Оливер Спасовски во 2020 година е технички премиер кој го заменува Зоран Заев согласно со пржинската влада каде тој ги спроведува изборите на 15ти јули таа година.

    Но две години подоцна Оливер Спасовски не е наследник на Зоран Заев на функцијата лидер на СДСМ или премиер по заминувањето на Заев туку е другиот кумановец Димитар Ковачевски.

    Што се има случено во две години, ако Оливер Спасовски за две години можел да биде наследник на премиерската функција на Зоран Заев зошто да неможе во 2022 година.

    Очигледно е дека Оливер Спасовски се обидел да го дистанцира Зоран Заев, да почне да ја презема моќта и ролјата на Зоран Заев, да биде закана за власта на Зоран Заев и Заев се одлучува за премиер да го постави Димитар Ковачевски.

Васко Ефтов во емисијата ,,Во центар”.