Васко Ефтов е ноќна мора за Мицковски : Треба да има избори колку што е можно побрзо

0
167

Порано мислев дека широка или техничка влада е добро решение за Македонија. Сега станува јасно дека таква влада ја носи Макединија во колапс.

Ние и така имаме проблем со функционалноста како држава, но со широка влада формирана од двете најголеми партии ние стануваме држава од типот на “англиски пациент”. За жал тие две Македонии се разликуваат како ден и ноќ. Како Трамп и Хилари Клинтон.

Тие две Македонии ја јадат суштината на самата држава. Со тие две партиски Македонии на двете најголеми партии ние само можеме да го потврдиме правилото: Операцијата успешна а пациентот е мртов. Затоа треба да има избори ( по мене колку што е можно побрзо ) за граѓаните да одлучат во која и каква Македонија сакаат да живеат.

Инаку што би рекол Даме Груев бегајќи ужасен крај ние де повеќе ќе заглавуваме во ужас без крај!

Фејсбук статус на Васко Ефтов