- Вториот сегмент каде од редовите на СДСМ ќе се бара новиот Миле Јанакиевски е полициската сфера. Полициската сфера во спрега со даночната сфера требаше да служи за заплашување на бизнисмените или рекет на бизнисмените и тие да плаќаат рекет таму кај што треба да платат.
Дали е тоа некој струмички клан, дали е тоа некој политички клан, дали е тоа кланот на одредени структури на власта сеедно тоа беше користено како таква спрега.
Втората ролја од тоа полициско крило од каде што може да биде извлечено новото име на Миле Јанакиевски е да се опструира работата на Оливер Спасовски, да му се прават сплетки во неговата работа во корист на струмичкиот клан.
Васко Ефтов во емисијата ,,Во центар”.