- Во понеделникот на Венко Филипче му извадија одредени снимки од роденденска забава во Дубаи, роденден на Зоран Заев кај што пее Харис Џиновиќ.
Драган Павловиќ – Латас ја вади таа снимка и таа се проширува по социјалните мрежи како пожар, и мислам дека не е проблем што Венко Филипче бил на одредена забава, приватна во Дубаи на Зоран Заев. Прашањето дали има или нема стан во Дубаи и дали е за тоа уредно платен данок бидејќи тоа е работа на истражните органи.
Според мене клучниот проблем е моментот кога доаѓа шефицата на ЕК, Урсула Фон дер Лајен во една прва посета на власта каде го презентира планот за раст на ЕУ или на ЕК, лидерот на опозицијата да не е присутен кога Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Република Македонија.
Тоа ќе рече дека воопшто не е факторизиран Венко Филипче и дека никој не го есапи како лидер бидејќи нормално е барем од нога или од аеродром како прв човек на опозиција да испие едно кафе со шефицата на ЕК.
Васко Ефтов во емисијата ,,Во центар”.