Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ВАСИЛЕВСКА: СДС И ДУИ ПРИФАЌАА КОМПРОМИСИ ЗА КОИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БЕШЕ ПРОТИВ, ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА КОЈА СЕ ЗАСНОВА ВО ИНТЕРЕС НА НАЦИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНИЈА

Во однос на генералните политики кои ги имаме ние како владејачко мнозинство, можам да ви кажам со сигурност  дека се направени длабоки анализи, дека длабоко е промислен секој чекор којшто е преземен од аспект на нашиот пристап кон водењето на меѓународните односи, поучени од искуството од минатото, поучени од целосната слика којашто генерално се менува на глобален план“ , прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во гостување на Телма ТВ во емисијата „Топ Тема“.

Василевска објасни во кој правец се движи Македонија во новото геостратешко репозиционирање, според неа она што е клучно е дека многу од работите кои се случуваат актуелно во моментов биле најавувани. Таа истакна дека нашата политика се заснова во интерес на македонскиот национален интерес, со цел да донесе добробит за своите граѓани.

„Нашата политика ќе се заснова и се заснова, тоа беше пропишано и во изборната програма, се преточи во владината програма, во интересот внатрешен на Македонија. Од тој интерес извира и нашиот однос кон сите надвор, само на таков начин секоја една зрела политика може да верува дека може да донесе добробит и за своите граѓани, но и подобро да се претстави на меѓународно поле“ , посочи Василевска.

Василевска е децидна дека добиена е сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржале стратешкиот партнер САД, додавајќи дека војната која трае на европско тло е недозволиво да се случува во 21 век. Таа додаде дека тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи имал погрешен пристап, односно се прифаќале услови без никаква консултација со релевантни чинители во Македонија, кој во политиката според неа е недозволив и не вродува со плод, во однос на нашите национални стратешки интереси.

„Во овој случај мислам дека ние добивме една навистина сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржавме нашиот стратешки партнер, САД, во заложбата да спроведаат еден поинаков тип на дипломатија, кој се очекува да донесе повеќе плод. Три години имаме војна на европско тло, и тоа е  нешто што и за ЕУ, но и за нас како цивилизација е недозволиво да се случи во 21 век. Имаме нерешени бирократизирани прашања коишто излегуваат од рамките на Копенхашките критериуми. Во минатото некој прифати многу работи коишто не требаше да ги прифати и исто така никој не беше консултиран и информиран“ , заклучува Василевска.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ