ВАСИЛЕВСКА : ВО МАКЕДОНИЈА ИМА СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ДУИ Е МИЛИЈАРДЕРСКА ПАРТИЈА И СЕ ОДНЕСУВА КАКО СТОПАН НА ДРЖАВАТА, ТОА МОРА ДА СЕ СОПРИ И КАЗНИ

0
299

ДУИ ги изневери очекувањата на албанскиот електорат и за сметка на тоа имаме милијардери кои се врвот на картелот на ДУИ, нивниот криминал не може да се премолчува, рече Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин што се емитува на телевизија Телма.
 

Според пратеничката Василевска никој не може веќе да премолчи толку криминал како кај ДУИ, бидејќи истиот бил и е заштитен и од институциите на државата, тоа не може да трае.

„Сите кои се огрешиле и ја злоупотребиле политичката моќ треба да се посочат за да не го повторуваат тоа“, кажа Василевскa.
 
Василевска посочи дека сега цел на власта се интересите лични, партиски и се нема осет за државотворност.
 
„Сега се нема осет за државотворност. Денеска етницитетот се злоупотребува за сметка на други криминални дејствија и криминалите си продолжуваат. Ние на пример не треба да бираме дали за некоја функција некој треба да е Македонец и Албанец, туку треба да се гледа дали тоа е личност која одговара на функцијата односно, дали знае или не да ја извршува истата, дали знае да одговори на обврските“, изјави Василевска.
 
Василевска посочи дека во Македонија има ситуација во која ДУИ е милијардерска партија и се однесува како стопан на државата.
 
„Таму речиси се е во тешка пирамидална ситуација и се сѐ прави тие да излезат од криминалот во кој се заглавени“, кажа Василевска.