ВАРХЕИ СО ПОРАКА ДО ЛЕВИЦА И ВМРО-ДПМНЕ : СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА И НЕМА ДА ПРОДОЛЖАТ СО КОНТРОВЕРЗИИ И ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ЕМОЦИИ КОИШТО НЕМА ДА ЈА НОСАТ ЗЕМЈАТА НАПРЕД

0
1171

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во одговор на новинарско прашање изрази надеж дека сите политички партии, вклучително и опозицијата во земјава, ќе работат за европската иднина на државата и нема да започнат, како што кажа, контроверзии што нема да ја носат земјата напред.

Запрашан што би се случило ако не се спроведат уставните измени, но и за најавите на опозицијата за распишување на референдум за тоа прашање, Вархеји вели:

-Мислам дека е јасно оти уставните измени ќе мора да се случат. Постои јасна посветеност преземена не само од владата на Северна Македонија туку и од Собранието, затоа мислам и токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат на владата затоа што уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието и затоа беше важно да се слушне Собранието, дали е подготвено да се впушти во такво решение. Тоа јасно покажа дека се подготвени за такво нешто.

Се надевам дека од сега натаму, сите партии, вклучително и опозицијата, ќе работат за европската иднина и нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции коишто нема да ја носат земјата напред, рече Вархеји.