Ванхауте: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

0
1311

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред, објави Мета.

За постигнатото на преговорите на работните групи вели дека е делумно задоволен и дека сè уште останува многу работа.

Ванхауте во вторникот доби одликување од амбасадорката на Кралството Белгија „Офицер во кралскиот ред“. За одликувањето вели дека му причинува огромно задоволство затоа што малкумина го добиваат.