ВАНКОВСКА СО ЖЕСТОКИ НАВРЕДИ ЗА МИЦКОВСКИ: Тој е калкулант, цвикатор!

0
1647

Во мојата утрешна колумна констатирам, меѓу другото, дека опозицијата се крие зад легализам кога не сака да каже дека се помирила со Преспанскиот договор. Една пријателка, која се смета за легалист, ме прашува што е чарето, а ова е мојот одговор:

И јас себе се сметам за легалист, па затоа ме боли нелегалниот пат на кој ни го наметнаа ПД. Затоа сметам дека немам/е никаква обврска да почитуваме и сметаме за легално нешто што не е легално. Накусо, јас сум за отпор, ама и за акција. Точно е дека немам начин да го сменам печатот на УКИМ или Филозофски или УЈП, ама затоа секаде и на секое место си користам само Македонија. За жал, доведени сме во ситуација и во меѓународните академски кругови да се бориме и да не си клекнуваме на брашно. Видов добра финта на Анастас Вангели во еден негов скорешен труд, во кој пишува „North Macedonia (hereafter in the text Macedonia)”.

Што се однесува до политичката борба, прво мислам дека она што ги парализира политичките актери е стравот (од тоа сурово санкционирање, како што велиш). Како ќе не’ санкционираат? Ќе не’ бомбардираат? Ќе ни наметнат санкции? Проблемот е што ние не покажавме никаков отпор, никаков. Мицковски не се осмелува да заусти како мисли да се справи со ПД, зошто и нема таква намера. Повеќе сака да е лојален на Берлин и Брисел, за да стане премиер, одошто што има некаков план.

Тој е калкулант, цвикатор, не сака ризик, игра математички прецизно за да добие. За добар дел од јавноста ова прашање е суштинско и на него се добиваат или губат изборите. Од она што го чувствувам преку контакти и на социјалните мрежи, луѓето не гледаат ама баш никаква разлика меѓу СДСМ и ВМРО, кога станува збор за ПД – си клекнале на брашно, кооперативни се, итн. Заев, а отвори уста, а излаже – ама опозицијата дури не се осмелува ни да лаже (на пример, дека постојат правни средства за поништување на ПД пред МСП врз база на Виенската конвенција и дека тој тоа ќе го покрене).

Ова е заробена држава, ама сега и од внатре и од надвор. Тука е мисловна именка да зборуваме за легализам. Правото наметнато со моќ, сила и принуда, не смее да не обврзува (нема тука pacta sunt servanda – бидејќи ни Мицотакис нема намера да се држи до договорот во bona fide манир, башка што ЕУ нема ни намера да се проширува за наредните 20 години – а дотогаш нема ни да постои.) Тебе барем не треба да ти објаснувам дека и Бизмаркова Прусија/Германија била правна држава, па дури и Хитлерова Германија.

Ете, јас така размислувам – бидејќи секој ден на прифаќање на состојбата како fait accompli значи цементирање во умовите на дечињата, првачињата, слабите, итн.

Биљана Ванковска