ВАНКОВСКА ВО „ТОП ТЕМА“ : НАРОДОТ ВО ГОЛЕМА МЕРКА Е ЗОМБИФИЦИРАН, НЕ ВЕРУВА НИКОМУ, РАЗОЧАРАН Е

0
190

Кампањата и програма се конципирани, а јас не сум суетна и арогантна да мислам дека сум најпаметната. Програмата преведов и на англиски и ја споделив со луѓе кои ги почитувам и од Македонија и во странство. Нивниот општ впечаток е дека се гледа созреаност во неа, истакна универзитетската професорка и кандидатка на Левица за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Програмата ја составив сама. Имаше фидбек од луѓе, но јас одлучував дали нешто ќе поправам или не“, рече Ванковска.

Таа вели дека има неколку слогани кои се вртат и се опција за кампањата. Насочени се кон мобилизација на граѓаните, бидејќи, според неа, кај голем дел од нив постои апатија и страв.

„Добар дел од граѓани, со право, е разочаран од политиката. Анкетите покажуваат дека тој процент е највисок и ние дефинитивно ќе таргетираме на таа популација да ги поттикнеме. Мојата агенда е борбена, мојата програма е борбена, повик на борба. Ако сакате и некој музички прилог што оди е „Во борба, во борба, македонски народе“. Ќе ги извлечеме оние партизански традиции што се вика, ако останало нешто од народот. Овој народ е зомбифициран во голема мерка, не верува никому, разочаран е. Се обидуваме, не само со понудата, туку и со убедливоста, дека ние сме подготвени и на саможртва“, рече Ванковска.