ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 ОД ДЕНЕСКА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО АВСТРИЈА И ЌЕ БИДЕ НА СИЛА ДО ЈАНУАРИ 2024

0
440

Во изминатиот период во Австрија имаше неколку големи протести против новиот закон (Фото: Гети)

Вакцинирањето против ковид-19 од денеска е задолжително во Австрија за сите лица со 18 и повеќе години и таа е прва држава во Европа која воведе вака строга мерка. Австриската влада кажа дека вакцинирањето е делотворно во борбата против сериозна болест и дека овој закон е потребен за да се избегнат идни затворања на земјата.

„Владата е многу свесна дека ова е навистина строга и тешка мерка. Ние сме политичари и имаме одговорност да го осигураме функционирањето на здравствениот систем, а општеството во целина да живее нормално“, изјави министерката за ЕУ и устав Каролине Едштадлер.

Таа сепак признава дека задолжителното вакцинирање претставува мешање во човековите права.