Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

БУМБАРОСКИ: ДАЛИ ДЕЛ ОД ДЕНЕШНИТЕ РОДИТЕЛИ СЕ СЛУГИ НА СВОИТЕ РАЗГАЛЕНИ ДЕЦА?

Дали дел од денешните родители се слуги на своите разгалени деца?

Невоспитаните деца имаат распуштени, разгалени родители.

Тие не ги воспитуваат своите здивени деца, и ги разгалиле од различни причини.

Воопшто не е важно дали е тоа незрелост, неодговорност, развод или болест.

Важно е тоа што таа состојба децата вешто ја користат за својот безобразлук.

Распуштените, рагалени деца се голема опасност за воспитаните деца.

Опасност се затоа што ги малтретираат и ги понижуваат децата на добрите родители.

Воспитаните деца не можат сами да се справат со простотилакот на разгалените деца.

Не можат затоа што се воспитани, па од страв се повлекуваат.

Наставниците не можат сами да ги “зауздаат” разгалените, распуштени деца.

Не можат затоа што со тоа се изложуваат на директен судир со нив.

А судирот со децата прераснува во судир со нивните невоспитани родители.

Во тој судир наставниците немаат отворена и сигурна поддршка од државата.

Некогаш тоа го имаа.

Во заштита на човековите права потполно се бесмислени загрозените права.

Ако некој Ве малтретира, прогонува, Ви се наметнува, полицијата не може ништо да направи за да Ве заштити.

Треба да има кривично дело за да може да делува според законот.

Нема превентивно делување.

Односно потребно е жртвата да настрада.

А кога тоа ќе се случи, на жртвата не и е потребна полиција.

Ист е и случајот со децата во училиште.

Разгалените деца можат да малтретираат секого на училиште.

Испаѓа дека невоспитаните деца се нескротливи и никој ништо не им може.

Кој ќе им се спротивстави на тие разгалени деца?

Родителите на воспитаните деца мораат да застанат во одбрана на своите деца.

Тие немаат друг избор.

Не можат да дозволат децата да им страдаат.

Тие не можат да седат и да чекаат да проработат институциите на системот.

Системот кој не функционира и создава распуштени и невоспитани родители.

Кои пак ги одгледуваат своите разгалени даца.

Родителите на воспитаните деца мора да се здружат и да се организираат.

Поединечната борба е безнадежна.

Со поединечна борба не може да се менува системот.

Со поединечна борба не може да се победат разгалените деца.

Ниту нивните родители.

Со поединечна борба залудно ќе се нервираме.

Кога општеството се распаѓа, тогаш сме принудени да се здружуваме.

Приморани сме да се организираме.

Немаме избор.

Треба да сфатиме дека е потребна борба за да успееме во животот.

И нашите деца мора да ги учиме да се бранат.

Тоа ќе им биде потребно во ова себично општество.

Родителите на воспитаните деца конечно ова мора да го сфатат сериозно…
Фејсбук статус на Гоце Бумбароски, поранешен наставник по одделенска настава во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ