ВЛАХОВ МИЦОВ И ЈАНКО БАЧЕВ СЕ КОМЕДИЈА : ТИЕ ПОВТОРНО ГО ПОКАНИЛЕ РУСКИОТ ШАРЛАТАН ЛЕОНИД САВИН КОЈ ЌЕ ДРЖИ ОБУКИ ЗА СПАС НА МАЌЕДОЊА ОД ЗАЕВ, ЕУ, НАТО, САД, МОСАД, АСАД!!!

0
1488

Единствена Македонија, денес, среда, 30 мај 2018, на прес конференција информираше за тридневната политичка школа што се одржува во Скопје во организација на партијата за обука на кадри за потребите на новата легална власт на Единствена Македонија, а под менторство на професор Леонид Савин од Русија.

На прес конференцијата претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: „Во организација на Единствена Македонија во Скопје организиравме тридневна политичка школа која се одржа во понеделник, вторник и во текот нас денешниот ден. Предавањата беа спроведени од страна на нашиот гостин од Русија, професорот Леонид Савин. Со школата, ние во Единствена Македонија практично започнуваме со обука на кадрите за потребите на новата легална власт на Единствена Македонија која набргу ќе проилезе од народот.

Школата за обука на кадрите на Единствена Македонија ќе функционира и во иднина. Во овој прв тридневен циклус, обуката беше спроведена за 50 посетители по однапред дефинирани критериуми согласно тежината на задачите што ќе се преземат со доаѓањето на новата власт на Единствена Македонија. Единствена Македонија ќе победи, свесни сме за работата што не чека за расчистување со националните предавници, ревизија и одземање во криминалната и пост криминалната приватизација. Републiка Македонија ќе биде вистинска држава со спроведувањето на законите што ќе произлезат од новиот устав. Дотолку повеќе, што Единствена Македонија не ветува туку ќе расчисти со политиките на антидржавна и антимакедонска основа – истакна Бачев.

Професорот Леонид Савин на прес конференцијата рече: Доаѓам по покана на партијата Единствена Македонија, со цел, да спроведеме обука на кадри за обавување на државните функции. Три дена сум тука да појасниме еден пристап во водењето на политиката. Вакви школи имаме и во други држави, како на пример, Србија, Либија и други. Смислата е новата власт во Македонија да ја задржи унитарноста и сувереноста на државата. Ние не сакаме да наметнуваме идеи, туку оставаме народот сам да си одлучи.. Во земјите од поранешна Југославија се гледа обидот да се наметнува странско влијание кое има и тргаични последици.

Според нас, народите имаат право сами да си ја одредат иднината. Самиот македонски народ да одлучи со кого ќе ја гради својата иднина. Македонскиот народ со рускиот го поврзуваат силни културни, религиски и други врски. Од таа причини доборо е да има предавачи од Русија. Светот се менува во многуполарен, гледаме дека САД не може да бидат главен хегемон кој ќе управува во светот. Ние сме тука за да помагаме – истакна Савин.