Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

БУГАРСКИ СУД : АГЕНЦИЈАТА ЗА ПАТИШТА Е ДЕЛУМНО ВИНОВНА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА НА „БЕСА ТРАНС“

Бугарската државна Агенција за патишта е меѓу одговорните за трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во 2021 година, кога 45 луѓе од Македонија ги загубија животите во автобус на агенцијата „Беса транс“, кој се запали на бугарскиот автопат – ваква одлука донесе Окружниот суд во Перник, според која Агенцијата сноси 10 отсто од вината за трагедијата.

Како што јавува„БТВ“, судот одлуката, донесена по граѓанска тужба поднесена од родителите на една од жртвите, ја образложил со утврдени прекршоци поврзани со патот на кој се случи несреќата.

Според одлуката, на Агенцијата за патишта ѝ се наложува на секој од тужителите да му исплати отштета од 20.000 лева (околу 10.000 евра).

Трагичната несреќа се случи на 23 ноември 2021 година, нешто пред 03:00 часот наутро, кога автобусот на „Беса транс“ со повеќе од 50 патници удри во банкината на автопатот „Струма“, а потоа се запали. Истрагата која ја спроведоа бугарските власти утврди дека главната грешка била кај возачот.

Сега, Судот утврдил дека Агенцијата за патишта е делумно виновна и таа мора да исплати отштета на секој од барателите.

„Прво, имало оштетен маркер за бучава, кој треба да го предупреди возачот ако излезе од коловозната лента. Судот утврди и дека таа делница од автопатот ги немала потребните сертификати“, изјави адвокатот на роднините на починатиот Николај Димитров.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ