БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ : НЕ МОЖАМ САМ ДА ГО КРЕНАМ ВЕТОТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ МОРА ДА ИМА ПРОЦЕДУРА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И СИТЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ

0
199

Премиерот на Бугарија Кирил Петков ја нарече лажна веста дека сам се обврзал да го укине ветото на преговорите со Европската унија на Република Северна Македонија. Тој ја коментирал изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека очекува Бугарија да даде зелено светло за преговорите.

„Ако нешто ќе се случи на оваа тема, мора прво да се заснова во рамките на бугарското МНР, потоа да се информира владата, да се консултира владината коалиција, да влезе во парламентот, таму да се гласа и потоа да се преземат обврски. Така што процедурата е многу јасна, тоа се чекорите што треба да се следат“, рекол Петков пред новинарите.