Saturday, March 15, 2025
24.8 C
Skopje

Бугарскиот премиер Борисов го посоветува Груевски да си поднесе оставка

Совет кон премиерот на Македонија Никола Груевски – да поднесе оставка за да престанат протестите и немирите во земјата, упати денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува „24chasa“.

bojkoBorisov-s-540x320

– Јас сум давал пример што се прави од еден премиер, ако има недоверба поради една или друга причина, потоа народот си ја враќа довербата, изјави Борисов и потсети дека во првиот мандат поднесе оставка на владата поради протестите против високите цени на струјата.

– Македонија е многу важна земја за нас и службите секој час ми пријават каква е ситуацијата. Засега е мирно. Бог да ги прости жртвите. Уште еднаш разбирате колку е важно да има политичка стабилност. Од несогласувањата и проблемите во Македонија се дојде до овие жртви, рече уште Борисов.

Претседателот Росен Плевнелиев, кој е во посета на Монголија, изрази загриженост од ситуацијата во Македонија и поднесе сочувство кон семејствата на загинатите при престрелката во Куманово.

– Емпатија кон македонските институции кои мора да постапуваат на демократски начин и врз основа на законски дејствија, слушнете го граѓанското општество и однесувајте се сериозно кон нивните праведни барања, за да се обезбеди мир, стабилност и смирување на ситуацијата, се вели во изјавата на претседателот.

Тој ги осудува сите активности кои се во спротивност со законот, без разлика, рече, кој ги врши и ги повика сите учесници во политичкиот процес во Македонија да се однесат многу сериозно кон ситуацијата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ