Sunday, February 16, 2025
3.8 C
Skopje

БУГАРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ПОБАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ НА ТЕЛЕКОМИТЕ

Претседателката на бугарската Комисија за заштита на потрошувачите (КЗП), Марија Филипова, побара да им се одземат лиценците на трите големи мобилни оператори како „единствен ефективен одговор на систематското непочитување на правата на потрошувачите“.

Ова е направено преку допис до органот од кој зависат работите – Комисијата за регулирање на комуникациите, пишува „Сега.бг.њус“. Чашката се прелеала откако Јетел во декември објавил дека еднострано ја зголемува цената на постоечките договори од 5 јануари поради „подобрена“, но непосакувана услуга од претплатниците. На ова следело соопштение од Виваком дека и од почетокот на февруари ги покачува месечните рати на своите корисници поради зголемени трошоци за компанијата.

Од КЗП, издадоа забрана за поскапување, оценувајќи дека постапувањето на двата телекома е нефер комерцијална практика. Засега третиот по големина мобилен оператор – А1 најави дека нема да ги покачува цените според сегашните договори, но Филипова во својата изјава не го исклучува од барањето за одземање на лиценцата. Од КЗП посочуваат дека огромен дел од поплаките на потрошувачите се однесуваат на услугите на трите мобилни оператори, поради што во последните пет години се повеќекратно санкционирани. „Континуираните прекршувања насочени кон економска експлоатација и нанесување штета на луѓето не само што ја поткопаа довербата во секторот, туку и зададоа тежок удар врз основните принципи на законот и регулативата… Систематската примена на нефер практики од страна на мобилните оператори не само што им штети на луѓето економски, но создава и сериозен ризик од поткопување на довербата во институциите одговорни за регулација и контрола во секторот“, образложуваат од КЗП.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ