БУГАРИ ОД АЛБАНИЈА СЕ ЖАЛАТ ВО СОФИЈА : МАКЕДОНИЈА ИМА ПРЕТЕНЗИИ КОН БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО

0
689

Македонија има претензии за области каде што е концентрирана бугарската дијаспора во Албанија, велат албански државјани кои се декларираат како Бугари.

Тие во гостување на бугарската национална телевизија БНТ побараа итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Албанските Бугари се жалат дека на нив се префрла бугарско-македонскиот спор. Во Голо брдо и гора, тврдат е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско.