БУГАРИЈА Е КАКО ПОПАРЕНА : ОПОЗИЦИСКАТА ,,ПРЕРОДБА” НЕ ГО ПРИФАЌА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ПОРАДИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

0
1892

Во знак на несогласување, „Преродба“ во вторник во 17 часот ќе организира протест пред Народното собрание. За тој ден се планирани расправите за гласањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

Опозициската националистичка партијата „Преродба“ соопшти дека не ги прифаќа условите од францускиот предлог за Северна Македонија, кој е испратен до бугарскиот парламент, и со кој се предвидува почеток на преговори за ЕУ ​​со Скопје, со загарантирани бугарски барања преку преговарачката рамка.

„Предлогот на Франција е апсолутно недозволив затоа што зборува за малцинства, зборува и за два различни народи и граѓани на други народи кои живеат во рамките на Северна Македонија, а со кој документ во пракса се предвидува Бугарија да се согласи за постоење посебен македонски јазик – нешто тоа е апсолутна измислица“,

Во знак на несогласување, „Преродба“ во вторник во 17 часот ќе организира протест пред Народното собрание. За тој ден се планирани расправите за гласањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

Во бугарското Собрание со 240 пратеници „Преродба“ има 13 пратеници. Откако „Има таков народ“ ја напушти владината коалиција, мнозинството во Парламентт има 109 пратеници („Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија„ и БСП), а за мнозинство им се потребни 121. Вчера пратениците на ГЕРБ, „Преродба“, ДПС и ИТН му изгласаа недоверба на претседателот на Собранието Никола Минчев со 125 гласа. Денеска ИТН, која првично во Собранието имаше 19 пратеници, ја напушти и шестиот пратеник од нејзините рредови, откако Кирил Симеонов од собраниската говорница во бугарскиот парламент објави дека излегува од неговата досегашната партија.

„360 степени“ го објави францускиот предлог, кој е пакет од неколку документи, од кои два се најсуштествени – предлог-преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за состанокот идната недела.

Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.

Францускиот предлог предвидува на 23 јуни годинава Советот за општи работи на ЕУ да ја усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија и за истиот ден да закаже политичка меѓувладина конференција. Советот на истиот состанок ќе донесе и одлука дека следна меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори ќе се одржи веднаш штом Северна Македонија ја заврши процедурата за промена на Уставот заради внесување на Бугарите во преамбулата.