Thursday, July 10, 2025
17.8 C
Skopje

БУГАРИЈА ДОГОВОРИ ГАС ОД САД ПО ЦЕНИ ПОНИСКИ ОД РУСКИТЕ

Бугарскиот премиер Кирил Петков договорил достава на течен гас од САД за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“, соопшти Службата на информирање на бугарската влада по средбата на Петков со американската заменик-претседателка Камала Харис. Доставата ќе почне во јуни, а засега нема информации за конкретните цени и обемот на доставата, пренесува бугарски „Медиапул“.

На 27 април, Газпром ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што одбија да платат во рубљи на „Газпром банк“. Останатите членки на ЕУ исто така одбиваат да плаќаат во рубљи, но за нив Русија досега не ја прикинала испораката на гас преку гасоводите.

Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија. „Газпром“ во моментов покрива околу 40 отсто од испораките на гас за ЕУ.

Бугарскиот заменик-министер за економија Георги Данаилов коментира дека активностите за идејата за алтернативна достава на течен природен гас од САД почнале уште во февруари.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ