БУГАРИТЕ СЕ ЗАПЛЕТКАА ВО ТАКВА КАША ШТО ГОСПОД НЕМА ДА ГИ ОТПЛЕТКА – ОДАТ НА НОВИ ТРЕТИ ПО РЕД ИЗБОРИ ЗА 6 МЕСЕЦА

0
614

Направивме се за да имаме влада, но тоа не се случи поради предавството на ‘Демократска Бугарија’ и ‘Стани. БГ! Доаѓаме!’. Во оваа ситуација, утре нема да понудиме кабинет“, рече Трифонов , во телевизиското обраќање кое следуваше откако откако стана јасно дека предложената влада нема да добие поддршка од „Демократска Бугарија“, БСП и „Стани. БГ! Доаѓаме!“

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов најави дека утре нема да го предложи составот на новата влада предводена од Пламен Николов за да гласа во Националното собрание.

„Направивме се за да имаме влада, но тоа не се случи поради предавството на ‘Демократска Бугарија’ и ‘Стани. БГ! Доаѓаме!’. Во оваа ситуација, утре нема да понудиме кабинет“, рече Трифонов , во телевизиското обраќање кое следуваше откако откако стана јасно дека предложената влада нема да добие поддршка од „Демократска Бугарија“, БСП и „Стани. БГ! Доаѓаме!“.

Националниот совет на БСП и генералното собрание на коалициската парламентарна група БСП за Бугарија одлучија дека доколку не се повлече кандидатурата за вицепремиер и министер за внатрешни работи, Петар Илиев, нема да ја поддржат владата предложена од „Има таков народ“.

Претходно, трите партии од коалицијата „Демократска Бугарија“ одлучија да не ја поддржат предложената влада од најголемата парламентарна партија во бугарскиот Парламент – „Има таков народ“, барајќи таа да биде кризна што може да обезбеди можност Бугарија да има ограничено време до осум месеци.

Но бугарските медиуми објавуваат дека и покрај ваквата одлука на Трифонов, најверојатно утре ќе има гласање во пленарната сала, бидејќи е издаден претседателски декрет, со кој се предлага до Националното собрание да се изберат предлозите на мандатарот Пламен.

Трифонов посочи дека денешните случувања – одбивањето да се поддржи владата и повлекувањето на предлогот значат нови избори, доколку другите партии „не одлучат да владеат заедно како што тоа го правеа“.

И покрај најавите за формирање експертски кабинет, кој ќе работи ограничено време, „Демократска Бугарија“, БСП и „Стани. БГ! Доаѓаме!“ тие немаат доволно гласови за го изгласаат тоа во парламентот. Ако „Има таков народ“ одбива преговори, единствената можност би била гласовите да дојдат од ГЕРБ и МРФ, што партиите ги идентификуваа како непожелни партнери.