Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

БУГАРИТЕ ОД СОСЕДСТВОТО РЕДОВНО ЈА ПОСЕТУВААТ СТРУМИЦА ВО ПОТРАГА ПО ПОНИСКИ ЦЕНИ И МАЛКУ ЗАБАВА

Во потрага по пониски цени и малку забава, Бугари од блиските погранични места редовно ја посетуваат Струмица. Ги полнат рестораните, продавниците, но редовни се и на пазарите. Денешниот пазарен ден не е исклучок. Околу тезгите се наслушува препознатливиот говор на соседите отаде границата. Никола Кирилов редовно доаѓа од Петрич и причините зошто одбира да пазари овде не се малку.

„Во Европа квалитетот изгледа вака: многу е светкаво однадвор, но внатре нема ништо. Како смоките, апнеш нешто не голтнеш ништо“ вели Никола Кирилов, Петрич од Република Бугарија.

Струмица, по примерот на Гевгелија, во туристите од Бугарија гледа можност за развој на локалната економија. Овие размислувања ги делат и општинските власти кои сакаат да го развиваат руралниот туризам. Во општина Ново Село се чувствува приливот на средства од бугарските посетители. Градоначалникот Божинов вели дека ќе користат пари од унгарскиот кредит за да ја подобрат туристичката инфраструктура, но и други капитални вложувања. Со тие пари почна изградба на петкилометарска патека од Ново Село до Мокриево.

Покрај пазарите, меѓу најатрактивните туристички места се оние во подбеласичкиот регион, водопадите, изворите но и рестораните и отелите на тој потег. Од граничните служби на преминот Ново Село велат дека секоја седмица има од неколку стотици до неколку илјади преминувања од бугарски државјани. Најчесто се задржуваат по еден ден.

Извор : Телма

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ