Брутални историски настани што го инспирирале создавањето на „Game of Thrones“

0
829

Април вообичаено е период кога убавото време зема залет. Во последниве неколку години, тоа е и време кога сите нетрпеливо ја очекуваат новата сезона на „Game of Thrones“. За ова е најзаслужен авторот на книгите на кои е базирана телевизиската серија, Џорџ Р.Р. Мартин, кој создаде богат универзум на кој можат да се посветат учебници по историја кои ќе ги опишуваат посебните култури, религии, митолошки суштества, и народи создадени за книжевниот серијал.

Главната инспирација на Мартин за да го создаде овој универзум доаѓа од средновековната европска историја, која исто така била богата со големи крвопролевања и борби за превласт помеѓу племиња и богати фамилии, исполнети со предавства, убиства и религиозен фанатизам.

Иако делува дека сиве овие сценарија потекнуваат од болниот ум на Мартин (кој е малку садистички настроен, мора да се признае, нормален ум не би ги смислил тие сцени), повеќето од опишаните траорни случки во книгите и серијата навистина имале место во вистинската историја (иако не до тој крвав степен – ништо не може да ја надмине Црвената Свадба). Еве неколку од паралелите што можат да се направат помеѓу вистинската историја и имагинарниот универзум на Песната за Лед и Оган.

Војната на Ружите е инспирација за Војната на Кралевите во GoT

1

Војната на Ружите е основната инспирација за настаните во Вестерос. Таа се водела од 1455 до 1485 година, помеѓу Фамилиите на Ланкастер (т.е. Ланистер) и Јорк (т.е. Старк). Нејзиното име потекнува од главните обележја на двете фамилии – црвената ружа на Ланкастер и белата ружа на Јорк. Слично како и нивните телевизиски пандани, фамилијата Јорк потекнува од северот, додека фамилијата Ланкастер важела за богата и моќна.

Самиот Мартин има изјавено дека Војната на Ружите служела како инспирација за дел од настаните во книгите, но сепак тој немал намера да прави директна паралела помеѓу историски настани и настаните во неговиот серијал. Сепак, неговите фанови го имаат направено тоа за него, и направиле посебен вебсајт каде што се наведени сличностите помеѓу настаните во Песна за Лед и Оган и Војната на Ружите.

Црвената Свадба е инспирирана од вистинскимасакри

2

Сигурно еден од најшокантните фиктивни настани кој се уште не можам да го тргнам од глава, и настан кој психолошки поремети илјадници фанови на серијалот (Rains of Castamere, со која беше најавен масакрот, уште предизвикува морници). Самиот Мартин има изјавено дека му било неверојатно тешко да ја напише оваа сцена и затоа ја напишал откако ги завршил останатите поглавја.

Еднакво шокантно е што на историјата не и се туѓи вакви настани. Впрочем, Црвената Свадба влече инспирација од неколку масакри што, иако помалку крвави од Црвената Свадба, се исто толку морбидни. Два од овие настани се случиле во Шкотска. Едниот е познат како Црната Вечера (1440) при што тогашниот Крал на Шкотска им понудил на 6-от Earl of Douglas (фамилијата Даглас важела за една од најмоќните во тоа време), Вилијам Даглас и неговиот 10-годишен брат безбеден премин низ неговата територија и покрај тоа што овие два клана биле во војна.

Кралот организирал вечера за двајцата браќа, а по вечерата – додека ечел тапан во позадината – на трпезата била фрлена глава од бик (древен шкотски симбол за смрт). Браќата биле егзекутирани (со обезглавување) после „демек“ судење.

3

Вториот од овие настани – Glencoe Massacre (1692) е специфичен поради тоа што се работи за масакр кој наводно се случил поради бирократска грешка. Имено, во 1691 година сите Шкотски Кланови биле повикани да положат писмена заклетва за верност кон кралот Вилијам. Кланот Мекдоналд задоцниле со доставувањето на заклетвата само неколку дена, што предизвикало гнев кај Секретарот на Државата кој ја одбил доцната заклетва и почнал со кроење за план на уништување на кланот Мекдоналд. Кланот Кемпбел (кои и не се трпеле многу со Кланот Мекдоналд), по наредба на државата, се упатиле кон Кланот Мекдоналд со своите 120 војници и побарале престој во нивниот замок.

Кланот Мекдоналд, како што биле наивни добричини (исто како и Старк), ја понудле својата гостпримливост и им обезбедиле престој и топли оброци цели две недели. Едно утро, Кемпбелците кукавички чекале нивните жртви да заспијат, а потоа масакрирале 38 членови на кланот Мекдоналд, кршејќи го светиот закон на гостопримливост (не им нанесувај зло на оние кои ти пружиле безбедно преноќувалиште и храна – или така нешто). До денешен ден, на пабовите во Glencoe е поставен знак кој вели „ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА КЕМПБЕЛИ“. Северот не заборава.

4

Богот на Светлината (R’hllor) и Зороастрианизмот

Џорџ Р.Р. Мартин навистина се потрудил да создаде широка палета на религии во универзумот на Песна за Лед и Оган, и го прави тоа со голем успех. Во креирањето на овие фиктивни религии тој црпел инспирација од Христијанството и други религии. Во книгите и шоуто, Станис ги следи советите на Мелисандр, која го обожува R’hllor, богот на светлината, која се чини дека се темели на древната персиска религија, Зороастрианизам. Огнот, кој следбениците на оваа религија го сметаат како средство за духовно просветлување бил едно од главните обележја на Зороастрианизмот.

Како и во шоуто, Зороастрианизмот ја нагласува борбата помеѓу доброто и злото, а според истата, целта на животот е „да се биде меѓу оние што го обновуваат светот…што го прават светот да се стреми кон совршенство“. Во серијата, мотивите на главниот „емисар“ на Богот на Светлината, Мелисандр (Црвената Жена) го мота Станис убедувајќи го дека тој е „Одбраниот“ што ќе го врати светот во нормала, што го носи кон тоа да стори некои крајно блесави работи (на пр. да ја запали својата ќерка на клада).

Ѕидот е инспириран од Ѕидот на Адријан

5

Инспирацијата за Магичниот Ѕид на Мартин му дошла додека стоел на Ѕидот на Адријан (Vallum Hadriani), изграден од Императорот Адријан за да ја заштити Империјата од надворешни влијанија (т.е. „странски служби“) а се верува и дека со Ѕидот сакал да воведе ред и контрола врз криумчарење и имиграција, а некои веруваат дека Ѕидот бил едноставно изјава на моќ. Како и да е, Ѕидот на Адријан е значително помал од Ѕидот на Мартин, кој не само што е помасивен, туку и по се изгледа натприроден, и веројатно има поепска цел отколку да биде политичка алатка на некои кралеви.

„Стоев на Адријановиот ѕид и пробав да замислам како би било да си римски војник испратен овде од Италија … Да стоиш овде, да гледаш во далечините, не знаејќи што може да излезе од шумите.“

Позади тој ѕид веројатно седеле варварски племиња. Позади ѕидот на Ноќната стража, седи ова:

6