Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, јави МИА од Белград.
„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк .
Насилството нема да биде дозволено“.
Лаж је да је било ко из Пионирског парка напао неког. Јасан доказ да су ектремисти напали и студенте у блокадама и студенте у Пионирском парку! Насиље неће бити дозвољено. https://t.co/jBm3NUIX2z
— Ana Brnabic (@anabrnabic) March 15, 2025