БРНАБИЌ Е СПРЕМНА ДА ДАДЕ ОСТАВКА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ, ВУЧИЌ ЗАСЕГА ОДБИВА

0
792
Beograd, 3. aprila 2023 – Predsednica Vlade Republike Srbije Ana Brnabiæ sastala se sa èlanovima delegacije Atlantskog saveta. FOTO TANJUG/SAVA RADOVANOVIÆ/ bs

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска истакна дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија „засега одбива да го стори тоа“.

-Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да биде јасно – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка, како ПВ, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го знае и засега одбива, изјави Брнабиќ и додаде:„Можеби ќе се предомисли. Сакате избори – нема проблем, ние сме секогаш за избори“. Таа рече и дека „сигурно останува лојална на Србија и на Вучиќ“.