Британците читаат повеќе книги за време на рестрикциите и карантинот

0
1144

Истражување спроведено од „Нилсен бук“ открива дека 41 отсто од Британците читаат повеќе од почетокот на пандемијата и карантинот, но само 25 отсто купуваат повеќе книги, а 18 отсто купуваат помалку книги од пред карантинот.

Од 1.000 анкетирани од 29 април до 1 мај, една третина изјавиле дека читаат повеќе печатени книги, 18 отсто читаат повеќе е-книги и 9 отсто повеќе слушаат аудиокниги. Третина од испитаниците рекле дека го зголемиле времето за читање на нивните деца.
Просечното време поминато во читање книги за сите испитаници се зголемила речиси двапати, од околу 3,5 часа неделно на шест часа неделно.

И покрај зголеменото време на читање, само четвртина од испитаниците изјавиле дека купиле повеќе книги од почетокот на рестрикциите во споредба со нивните вообичаени навики за купување, а 18 отсто купиле помалку. Освен затворањето на книжарниците, „правењето други работи“ и финансиските грижи биле наведени како причини за читање или купување помалку книги.

Две третини од читателите изјавиле дека го промениле интересот за читање одреден жанр на книги, најчесто насочувајќи се кон крими-романи, трилери и популарна фикција. Две третини од читателите изјавиле дека во овој период повеќе се насочуваат кон книги за храна и пијалаци, како и историски книги, книги за загатки, градинарство и „направи сам“ книги.

За оние што купуваат книги за деца, околу три четвртини изјавиле дека интересот за купување детски книги со смешни приказни се променил во купување книги што би можеле да им помогнат со домашните задачи.