БРАЌАТА ХРВАТИ НИ ПОМАГААТ КОГА НИ Е НАЈТЕШКО – ХРВАТСКИ КОНСУЛТАНТ ЌЕ ДОБИЕ 22,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ АВТОПАТИ

0
1929

Хрватскиот институт ИГХ потпишал договор со Македонија за услугите за стручен надзор и правен совет за изградба на новите автопатишта што се планираат на  коридори 8 и 10д, во вкупна вредност од 22,6 милиони евра, соопшти компанијата.

Договорот станал валиден во средата, 3 август, а беше потпишан од загрепскиот Институт IGH, како водечки партнер, во конзорциум со Институтот за патишта и Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија, пренесува хрватски Индекс.

Работата се однесува на услугите на стручен надзор и правен совет за изградба на споменатите паневропски транспортни коридори во Македонија, кои автопатски ќе го поврзат Гостивар со албанската граница по Струга, како и автопатот Битола – Прилеп.

Консултантот за изградба на коридорите 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), треба понатаму да каже колку ќе чинат овие автопати.

Според објавата на веб-страницата на Загрепската берза, вкупната вредност на договорот е 22,6 милиони евра (без ДДВ), додека учеството на Институтот ИГХ е 8,7 милиони евра (без ДДВ).

Времетраењето на договорот е 58 месеци, при што првата фаза опфаќа преговори, проектирање и извршување 46 месеци, а втората фаза е гарантен рок од 12 месеци.

Новите автопатишта во Македонија ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ преку услови овозможени со посебен закон.