БРАЧНА ДВОЈКА ОД МАКЕДОНИЈА И НИВНИТЕ ДЕЦА СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАА ОД ПАТОТ ВО ГРЦИЈА, ПРЕНЕСЕНИ СЕ ВО БОЛНИЦА

0
227

Четиричлено семејство од Северна Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката полиција, возилото утрово влегло во Грција од граничниот премин Евзони и се превртело на патот кон Солун.

Противпожарната единица го извлекла 50-годишниот маж, кој заедно со остатокот од семејството, 48-годишна жена и нивните деца на возраст од 11 и 15 години, со возила на Итната помош биле пренесени во болница, пишува грчкот весник „Катимерини“.