БРАНКО ПО ВТОР ПАТ МУ ЗАРИВА НОЖ ВО ГРБ НА СДСМ: ВО 2006-ТА МУ ПОМОГНА НА ГРУЈО ДА ГО ПОБЕДИ БУЧКО, СЕГА МУ ПОМАГА НА МИЦКОВСКИ ДА ГО ПОБЕДИ ЗАЕВ!

0
726

Јавна тајна е дека во 2006-та, меѓу Црвенковски и Бучковски имаше голема омраза затоа што Црвенковски мислеше дека Бучко само ќе му ја чува партијата и нема да се востоличи во лидер на СДСМ со сите салтанати, свои луѓе на врвни позиции на Бихачка, носење свои потези без да го праша Црвернковски…

Затоа Црвенковски му се одмазди на Бучко и со помош на своите инсталации во медиумите во службите во бизнис фелата но и кај своите луѓе на терен му помогна на Груевски да стане премиер во 2006-та за потоа да го исчисти Бучковски од Бихачка.

Лично бев сведок кога Геро тогашен човек од доверба на Бранко некаде 2012-та ми прати нарачка текст против Бучко со објаснување – на шефот му е важно ова да се пласира јако… Потоа по поразот на изборите во 2013-та почнав да агитирам Заев да стане лидер на СДСМ и од тогаш е големата битка меѓу мене и Геро, иако тој сега смени и партија и све, но Геро не можеше да ми прости што застанав на страната на Заев вп дуелот со Бранко.

Сега се чини дека после 14 години од тогаш, Бранко пак му зарива нож во грб на СДСМ со цел пак да се врати на Бихачка. Запнал со критики кон владата да му помогне на Мицковски да стане премиер за потоа тој или Стево да отидат на Бихачка како спасители.

Тоа што СДСМ потоа ќе заглави во опозиција мможеби 10-20 години со оглед на тоа што ВМРО ќе спроведе опсежна одмаздничка акција на апсење и уништување на мрежата и инсталациите на СДСМ и нема камен на камен да остане од СДСМ на Бранко не му е важно. Нему му е важно само да ја прекине пензијата која не ја трпи, тој не е научен да биде никој и ништо, 20 години бил или премиер или лидер на опозиција или претседател и просто он органски не трпи да не биде еден од најважните фаци кои ќе дрмаат во земјата.

Затоа сега се намерачил да помогне СДСМ да биде буквално поразено па уништено за он потоа да биде спасителот. Дали Стево ќе се фати на ова оро ќе видиме. Повеќе од сигурно е дека Максо од Куманово е дел од овој проект.

Како членовите на СДСМ ќе реагираат на сето ова? Нашите очекувања се дека по втор пат на Бранко ножот ќе му се врати и сам себе ќе се прободе. Членовите на СДСМ нема да му го простат ова предавство!