Бранимир Јовановиќ: Спуштете ги штитовите!

0
1297
Police is arresting protesters in the center of Skopje on April 13, 2016.They are protesting because of President Ivanov's decision to cease all investigations and criminal proceedings against politicians./ AFP / Robert ATANASOVSKI

Отсекогаш сум се прашувал какво изгледа да поминеш една ноќ во ќелија. Дали ќелиите навистина се такви мали, темни, влажни, студени, полни со лебарки? Дали ѕидовите навистина им се ронат? Дали навистина се испишани со разни имиња? На што ли мислат луѓето кога се таму? Како се чувствуваат? Целото искуство, всушност, е надреално. Првото што ти поминува низ глава кога ќе влезеш во ќелијата е дека таа воопшто не е онаква каква што си ја замислувал. Не е толку мала. Има два кревета и доволно слободен простор за да можеш да правиш склекови или некоја друга вежба. Ѕидовите не ѝ се ронат, а на нив има испишано само неколку имиња (Didi, Xhuhxe, Стоју, AHDREJA, Family Aerodrom, K4…) и еден крст.

Нема лебарки и на прв поглед изгледа зачудувачки чиста. Толку чиста, што не ти е лесно да избереш на кој од креветите ќе легнеш. А, откако ќе легнеш, ти почнуваат флешовите.
Зошто полицаецот се затрча кон тебе и се обиде да те клоцне, иако ти стоеше мирно и рацете ти беа кренати горе? Дали ова го побива твоето верување дека луѓето се добри, или можеби полицаецот само беше толку многу исплашен, па реагираше агресивно, како што кучињата почнуваат да лаат кога ќе се почувствуваат загрозени Зошто полицаецот се затрча кон тебе и се обиде да те клоцне, иако ти стоеше мирно и рацете ти беа кренати горе? Дали ова го побива твоето верување дека луѓето се добри, или можеби полицаецот само беше толку многу исплашен, па реагираше агресивно, како што кучињата почнуваат да лаат кога ќе се почувствуваат загрозени? Или пак, можеби, полицаецот тргна на тебе токму затоа што ти беше мирен, затоа што знаеше дека тебе ќе те ослободат?

Можеби затоа и не беше насилен кога те фати. Да, ти ја свитка раката и ти ја турна главата кон земја, ама тоа не болеше толку. Зошто ти, кога ги виде полицајците како тргнуваат кон тебе, не побегна, туку само ги крена рацете? Дали затоа што сакаше да покажеш дека немаш причина за бегање, зашто ништо лошо не направи на протестот? Или пак, затоа што сакаше да покажеш дека не се плашиш? Или пак, затоа што сакаше да те приведат тебе, наместо некој од твоите другарки и другари?

Дали е снимено како те приведуваат? Какви ли се тие снимки? Дали ќе излезат во јавноста? Што ли ќе помислат луѓето кога ќе ги видат? Дали е снимено како ти ги ставаат лисиците, а ти прашуваш – „можам ли само да ѝ се јавам на жена ми, за да не ме чека“? Дали е снимено како те ставаат во колата и како полицаецот кој ти ја зема ќесата што ја носеше, ја проверува и ти вика – „Ауу, па ти имаш едно јајце тука, ти си фрлал“? Дали е снимено како ти му одговараш – „Друже, да фрлав, јајцето немаше да биде тука, ќе беше на зградата“, и како неговиот колега се насмевнува гласно?

И тогаш, ја забележуваш камерата која стои во аголот на плафонот на ќелијата. Ти текнува дека сè се снима. Ти текнува дека е снимено и она кога те прашува полицајката – дали сакаш да известиш член на семејството, а ти ѝ кажуваш – „да, јавете ѝ се на жена ми, кажете ѝ дека сум добро и дека ништо лошо не сум правел. И, кажете ѝ дека ја сакам“. Сите во собата се смејат, а полицајката ти одговора – тоа вие утре ќе ѝ го кажете. Како ли ѝ е нејзе? Дали веќе разбрала? Дали плаче? На што ли мисли? Нејзе всушност ѝ е многу потешко отколку тебе. Зарем не е тоа неправедно? Зарем не е неправедно тоа што сите мислат на тебе, а ретко кој помислува на неа? Ти, всушност и ќе заспиеш наскоро, креветот во ќелијата воопшто не е неудобен, таа сигурно нема да спие цела ноќ.

текстот на Бранимир Јовановиќ во целост прочитајте гоОВДЕ