Фото : Илустрација
Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против четири лица за посредување во проституција и перење пари. Меѓу нив има двајца странци – од Бразил и Сирија, и двајца македонски државјани. Според обвинението, во периодот од декември 2023 до ноември 2024 година, бразилска државјанка и македонски државјанин со сириско потекло организирале мрежа за сексуална експлоатација на жени од Бразил.
Жените биле сместени во изнајмени станови во Скопје, а услугите ги нуделе преку веб-страница каде имале поставени цени – од 150 евра за половина час до 800 евра за цела ноќ. Првообвинетата се грижела за профилите на сајтот и за организацијата на клиентите. Парите заработени од проституцијата ги префрлале преку Вестерн Унион до Бразил и Португалија, како и преку криптовалути, со цел да го сокријат нивното потекло.