БРАВО СДСМ, ЗА ОВА НАРОДОТ ЌЕ ВЕ НАГРАДИ: Владата предложи намалување на судската такса за физички лица од 48.000 денари на 6.000 денари

0
403

Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.

Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари. Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.