БРАВО ЗА РАНГЕЛОВА : Денес гласаше ,,ЗА” одземање на платата на Груевски

0
1565

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, поранешна претседателка на Унијата на жени на партијата, е единствена од нејзината пратеничка група која гласаше денеска „за“ одземање на пратеничката плата на поранешниот премиер Никола Груевски проради правосилната пресуда против него на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“. Другите 51 глас „за“ дополнувањата на Законот за пратеници ги обезбедија пратениците од парламентарното мнозинство.

Законските измени беа донесени со 52 гласа „за“ и само два „воздржани“ на спикерот Талат Џафери и на поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. И Џафери и Димовски, всушност, се изјаснија поразлично од другите нивни сопартијци од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициските пратеници воопшто не гласаа за дополнувањето на Законот за пратеници, откако претходно Зоран Илиоски оцени дека решението што го предложија владејачки пратеници е спротивно на Уставот. Во гласањето не учествуваа, исто така, ниту еден од независните пратеници што излегоа или беа исклучени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во понеделникот, ВМРО-ДПМНЕ го достави во парламентот предлогот за формирање техничка влада и распишување предвремени парламентарни избори со 33 потписи од вкупно 38 пратеници на колку што е сега сведена опозициската пратеничка група. Од партијата тогаш брифираа дека на барањето не се потпишани Рангелова и Димиовски, а дека другите тројца пратеници биле отсутни од парламентот.