БРАВО ЗА МАКСО, НЕМА ТРТЕ МРТЕ СА ЊЕГА : Спортскиот комплекс Соколана вратен на Општина Куманово

0
1301

Државата го врати во владение спортскиот комплекс Соколана на Општина Куманово, откако пред три месеци го раскина договорот со приватниот концесионер.

Градоначалникот Максим Димитриевски, објави дека по долгогодишните обиди успеале да ја вратат Соколана, благодарејќи на новиот менаџерски тим во Агенцијата за стопанисување со спортски објекти.

„Следува детално чистење на дворот на објектот од страна на ЈП „Чистота и зеленило“, отстранување на оградата, поправка и обезбедување на реквизитите и воведување на чуварска служба, – вели Димитриевски.

Тој додава дека тек е изготвување на проект за реконструкција на комплексот од страна на ЈП „Куманово план“ со пресметка и обезбедување на финансии за реконструкција.

Градоначалникот, пред десетина дена за Кумановоњус изјави дека Општина Куманово веќе подолг временски период бара тој објект да и се даде под надлежност.

„Пред повеќе од три месеци ни стигна известување од страна на државната Агенцијата за стопанисување на спортски објекти дека е раскинат договорот со постоечкиот концесионер и во моментов се чека одлука на Влада објектот да се даде на трајно користење на Општина Куманово. До сега се испратени неколку барања и до агенцијата и до Владата, уште немам позитивен одговор, а имаме најави дека тоа ќе се случи до крајот на месецот, – изјави Димитриевски.

Во меѓувреме спортскиот комплес остана без физичка заштита, поради што беше мета на вандали. Беше скршена влезната врата, а внатрешноста на објектот унуштена. Во тој период се случи и несреќа на спортското игралиште, кога загина девојче.

Граѓаните револтирани бараа од надлежните да го заштити овој значаен објект додека целосно не е уништен.

Општината во владение ги бара и градскиот стадион и објектот на стрелиштето, кои се оставени на забот на времето никој не се грижи за нив.