БРАВО – ВЛАДАТА СО 3 МИЛИОНИ ЕВРА НАПРАВИ ПОТЕГ КОЈ БИЗНИСМЕНИТЕ И ЕКСПЕРТИТЕ ГО БАРААТ 30 ГОДИНИ

0
1961

Развојна банка го запишала уплатениот капитал од Владата од 3 милиони евра, односно 185 милиони денари што беше најавуван на крајот од минатата година. Со тоа единствената државна банка  која кредитира мали и средни претпријатија за прв пат го зголеми својот акционерски капитал по долги години наназад.

„Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје ги презеде сите неопходни чекори за запишување на уплатениот капитал во износ од 185.070.000.000 денари и истиот е запишан во трговскиот регистар и во Централниот депозитар за хартии од вредност. Согласно Одлуката на Владата за зголемување на капиталот, Собранието на акционери на банката, донесе одлука за зголемување на почетниот капитал со издавање на 59.546 обични акции со номинална вредност од 3.108,00 денари“, потврдуваат од банката.

Вкупниот акционерски капитал на банката сега изнесува изнесува 1.378.862.124 денари, или околу 22,5 милиони евра. Претходно долг временски период беше нешто повеќе од 19 милиони евра и не мрднуваше од место.

На крајот на минатата година Владата уплати 3 милиони евра на сметката на РБСМ но беше потребно подолго време за уписот на акциите, без да биде запишан уплатениот капитал. Беше потребно да заврши административната процедура за зголемувањето со издавање на 59,546 обични акции.

Вкупниот капитал е во сопственост на Владата. Трите милиони евра беа обезбедени од Буџетот, а како резултат на пандемијата и обезбедувањето на државната помош.

Поразвиените земји од регионот активно го зголемуваат основачкиот капитал на овие банки, кој од една страна треба да го подржуваат извозот и развојот на компаниите и од друга страна да им бидат конкурентни на деловните банки и да одржуваат баланс во финансискиот сектор. Хрватска, Бугарија и Словенија со години наназад преку своите државни развојни банки пласираат стотици милиони евра во своите економии главно за да им овозможат на своите домашни компании поповолни кредити за инвестирање и зголемување на извозот, за да ја зголемат конкурентноста и технолошката опременост на своите индустрии. Поддршката на компаниите со различни мерки преку РБСМ беше предизборно ветување на актуелната власт во 2016.

За време на епидемијата банката ја реализираше првата бескаматна линија Ковид 1 за компании со вкупно 6.524 вработени. Од 28 април лани започна повикот за бескаматни кредити од 8 милиони евра од линијата Ковид 2. Понатаму беа најавувани и други  кредитни линија од меѓународните кредитори.