Home Македонија БОЈМАЦАЛИЕВ : ПРОЕКТОТ „ЗЕМИ БРОЈЧЕ” ВО КУМАНОВО Е ИСТИОТ ПРОЕКТ ВО ПУНКТОТ...

БОЈМАЦАЛИЕВ : ПРОЕКТОТ „ЗЕМИ БРОЈЧЕ” ВО КУМАНОВО Е ИСТИОТ ПРОЕКТ ВО ПУНКТОТ „ПРОЛЕТ” СО УКИНАТОТО „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”

0
174

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител беше запрашан за новиот пилот проект на МВР Земи бројче кој стартуваше денеска во Куманово, дали всушност е истиот проект како укинатиот во полициската станица „Пролет”.

„Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен.

Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово.

Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат”, рече Бојмацалиев.