БОЈМАЦАЛИЕВ : ПРИСТИГНУВААТ 400.000 ОБРАСЦИ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ

0
144

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Ресен информира дека денеска пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.

Бојмацалиев нагласил дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

„Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, потенцирал Бојмацалиев.

Граѓаните се жалеа затоа што долго чекаа за закажување и подоцона за добивање на документите.