„Продадете ги скапите коли и јахти и така ќе дадете плата на работниците“ ! Ова е вчерашната легендарна изјава на Бојко Борисов на заедничката средба со бизнисмените од приватниот сектор во Бугарија.
На средбата бизнисмените се жалеле на Бојко Борисов дека не можат да дадат плата на работниците ,бидејќи цел приватен сектор бил погоден од мерките против Корона Вирусот во Бугарија.
Од како Борисов ги сослушал изговорил само една реченица по што го завршил својот состанок со големите бизнисмени.
Инаку, Бугарија е една од земјите која во регионот прва прогласи вонредна состојба.