Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

БОЈКОВСКА : ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ – СИЛНО ВЛОЖУВАМЕ ВО АРМИЈАТА И ПОЛИЦИЈАТА

„Овој предлог буџет за 2025 година кој денес е пред нас е буџет кој што ја потврдува нашата посветеност на развојот, на модернизацијата и на подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани. Овој буџет не е само документ на бројки туку е мапа за напредок, план за нашата иднина и потврда на одговорноста што како власт ја имаме пред народот“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет.

Бојковска укажа дека целта на предлог буџетот е да се изгради стабилен и одржлив раст на државата.

“Целта е да изградиме стабилен, одржлив и развоен раст на државата, кој ќе ја носи нашата земја во еден нов економски правец, со јасен фокус на реализирани и видливи капитални инвестиции кои ќе го зголемат бруто домашниот производ во Република Македонија“, рече Бојковска.

Бојковска посочи дел на распределбата на средствата за предлог буџетот за 2025 година.

„Заштитата на животната средина бележи значително зголемување од 44,4% за управување со отпад и намалување на загадувањето, со износ од 6,4 милијарди денари. За функцијата одбрана се зголемени исто така за 13,7%, додека  средствата за јавен ред и мир се зголемени за 11,3% и достигнуваат 23,6 милијарди денари. Во здравството има планирани 57,4 милијарди денари, кои се за 4 милијарди повеќе во споредба со буџетското планирање во 2024 година. Со овој буџет повисоки плати ќе има и за здравствените работници, кои мора да ги задржиме во Македонија. Најавуваме комплетен рестарт на ресорот здравство, бидејќи 7 години имавме трул здравствен систем“, рече Бојковска.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ