БОШКО ЈОСИМОВСКИ-ЦРВЕН: ЌЕ ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“, ПОСТОИ ШОКАНТНО ВИДЕО!!! СОБЕРЕТЕ ПЕТИЦИЈА БЕЗБЕДНО ДА СЕ ВРАТАМ!

0
15579
Со цела почит, драги мои сограѓани, соберете петиција безбедно да се вратам, ќе ја кажам вистината за „Диво Насеље“ која сече како нож, вистина која ми ја даде Арсим Бајрами, да ја изнесам од притвор, а има и сведоци!
Воедно барам јавно соочување, полиграф и сите средства кои ги сакаат нека повелат режисерите! Исто така барам соочување и полиграф за оваа фингирана пресуда која ми беше кажана уште пред да започне судскиот процес во Градската болница, во канцеларијата на директорката која беше присутна таму со заповедник Саше и командир Фернандез!
Во која земја го има ова, од притвор, службени лица да те носат во болница кај добро познатиот криминалец Аце Саботковски, да ми се врши едно часовна тортура, закани, уцени, поткуп, само да потпишам нешто што не е вистина! Со зоран Заев не се познавам, ќе потврди и полиграфот и што сакаат, ајде повелете „патриоти“!
Драги сограѓани, ова го нема ниту во недемократските земји! Барам сомилост, соживот, сочуство и поддршка од вас сите кои се борите за правда и слобода, да ми се помогне, ми го разболеа семејството, не запустија!!! Ве молам, апелирам за помош до вистината и правдата!
СЈО да не премолчува и одолговлечува, доста беше „Бушава Азбука“! Сите овие монструми да одговараат пред лицето на правдата! Од здравје да не куртулите!
Фејсбук статус на Бошко Јосимовски – Црвен
Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР од лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимоски сака да ги информира граѓаните дека постои видео за Смилковското Езеро и тоа видео ќе се објави.
Граѓаните треба да ја знаат вистината, но и родителите на младите момци кој трагично загинаа, но во тоа видео ќе се види вистината, во интерес на истрагата која наскоро сметаме дека СЈО ќе ја обелодени не сакаме да изнесеме други детали, но ова со сигурност го потврдуваме дека постои видео.