БОЧВАРСКИ ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП: Благодарам Штип! Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град. Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните

0
831
Благодарам Штип!
Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град.
Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните.
Поставивме нови стандарди на водење на институцијата, работевме напорно на изработка на големи проекти кои го придвижија градот напред.
• Детска градинка – После 30 години прва детска градинка во Штип. Во рекордно време и со 70 проценти сопствени сопствени средства изградивме нова детска градинка од 1600 м2, со што го решивме проблемот со недостаток на капацитети за сместување дечиња во градинките во нашиот град;
• Мост на река Брегалница – после повеќе од 60 години, кој претставува нова и значајна артерија во градскиот сообраќај, како и врска меѓу двете најбрзорастечки населби;
• Обиколницата – која беше започната, ја завршивме
• Два кружни тека – за поголема безбедност на граѓаните;
• Решивме – 7 проблематични крстосници во градот
• Водовод – за прв пат 600 жители во населба Балканска добија чиста вода за пиење;
• Платформа за паркирање со 40 паркинг места – на коритото на река Отиња како сообраќајно решение во централното градско подрачје,
• Втората паркинг платформа – е во изградба со 40 паркинг места
• Изградивме нов пат – до село Почивало и нови улици во Караорман;
• Изградивме и реконструиравме над 50 улици и локални патишта, со околу 18 километри должина,
• Реконструиравме и изградивме над 14 илјади метри квадратни тротоари, пешачки површини и платоа;
• Изградивме и реконструиравме над 12 километри водоводи и канализации
• Градиме затворен базен;
• Се гради Аква паркот во Штип како приватна инвестиција, но ние веќе ја градиме тамошната инфраструктура, улици, водоводи и канализации за овој Аква парк кој ќе биде отворен наскоро.
• Се реализира деценискиот сон на штипјани – наскоро започнуваме со изградба на браната на река Отиња која ќе биде реализирана токму преку министерството за транспорт и врски.
• Нов модерен стадион – Изработивме проект за градскиот стадион во Штип, а преку програмите на ФФМ обезбедивме финансиска конструкција за изградба на првата трибина, а веднаш потоа и на втората. За потсетување трибините на постоечкиот стадион се изградени во 60тите години на минатиот век.
• Бесплатна градинка за децата на самохраните родители
• Завршено уредувањето на коритото на река Отиња
• Реконструкција на сите основни и средни училишта
• Реконструкција во речиси сите објекти на детските градинки
• Гасификација, изработен е инфраструктурен проект за гасификација на Штип со должина од 21 километар, привршува проектирањето на Основниот проект.
Убеден сум дека мојот наследник Јане Миланов ќе реализира голем број на проекти кои ќе бидат од интерес на сите.
Фејсбук статус на Благој Бочварски.