Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

БОЧВАРСКИ: СО НОВИОТ ДОЛГ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО КРИТИЧКА ТОЧКА

Со кредитот од 6 милијарди евра со кој Владата ги задолжува граѓаните ќе стигнеме до критична точка, рече пратеникот на СДСМ, Благоја Бочварски, во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5.
Тој нагласи дека ако во првата транша се повлечат само 2,2 милијарди евра, јавниот долг на државата ќе се зголеми на над 70% од БДП, а за вкупната сума од 6 милијарди тоа ќе значи зголемување на долгот од над 100% што како држава прашање е дали воопшто може да го издржиме.
Бочварски остро ја критикуваше власта затоа што не ги соопштува условите под кои се зема овој кредит.
„Сè уште не знаеме колкава ќе биде каматата по која ќе ги враќаме тие средства  Исто така, многу малку се зборува под какви услови е земен заемот. Владата првично се обидуваше да го претстави како некакви инвестиции, но станува збор за финансиски средства кои државата ги зема како кредит и кои ќе треба да се вратат. Нема доволно јасност и транспарентност за целиот процес и тоа загрижува. Власта мора да ги соопшти пред јавноста сите детали“ рече Бочварски.
Тој  се осврна и лошата економска состојба во земјата како резултат на погрешните политики на власта, како и на сите оние лажни ветувања со кои ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт.
„По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме дека државата е во застој. Граѓаните се осиромашени, растат цените, стагнираат платите и општо е влошена економска состојба, сега уште нови долгови им фалат“ рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ