БОЧВАРСКИ ОД ТРИБИНАТА ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” ВО ДЕБАР : ГРАДИМЕ ПАТИШТА, ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА, ВОДОВОДИ, КАНАЛИЗАЦИИ, ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА

0
155

Соопштение за јавност

Решивме, бидејќи сакаме, знаеме и можеме да не инвестираме во споменици, туку во патиштата за да ги задржиме луѓето овде, за да го направиме животот полесен и подобар, за да донесеме нови инвестиции порача на трибината на СДСМ под мотото “Најдоброто за нашата општина“ во Дебар, членот на Извршниот одбор на СДСМ Благој Бочварски.

Тој наведе дека во Дебар е изграден новиот булевар, а во тек е рехабилитација на клучниот патен правец од Маврови Анови до Жировница, кој досега не бил допрен, рехабилитиран е патот од Лазарополе до Гарски мост, а во план е рехабилитација на правецот од Извор до Гарски мост.

Бочварски соопшти дека од инвестицијата на владата за локални улици и патишта, во вкупна вредност од 70 милиони евра, со кои државата им помага на општините, во изградба на 450 километри патишта за Дебар се на располагање 700.000 евра.

После стивнување на пандемијата, градежниот сектор остана и го преживеа ударот на пандемијата, нема отпуштања во градежните компании, бидејќи градиме патишта, градинки училишта, водоводи, канализации, социјални станови, ја градиме државата, нагласи Бочварски.

Продолжуваме заеднички да ги градиме политиките, бидејќи сите гледате како државата оди напред, порача претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски, на трибината “Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.