Бочварски: Капиталните инвестиции ќе ги засилиме во наредниот период

0
1059

Капиталните проекти се врвен приоритет на Владата и Министерството за транспорт и врски заради економски развој на државата, подобрување на животот на граѓаните но и надминување на состојбата со Ковид кризата. Капиталните инвестиции се многу потребни во овој период и заради тоа интензивно ќе продолжиме да ги реализираме, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, извршија увид во изградба на станбена социјална зграда во општина Бутел.Инвестицијата е врадна 7 милиони евра, а се градат 312 станови што се наменети за социјално ранливи категории.

“До овој момент сите средства наменети за социјални станови од буџетот на Министертсвото за транспорт и врски се реализирани. Доколку е потребно дополнително ќе изнајдеме други средства за да можеме да продолжиме со поголема динамика. Исто така работиме на изградбата на каналзации и водоводи и како и проектот за изградба на локални патишта кој ќе започне многу брзо да се реалзира на терен.  Наша обврска е да го подигнеме квалитетот на живот во секоја општина, да ја унапредиме целокупната инфраструктура, истовремено мислејќи и грижејќи се и за најранливите категории на граѓани. Со изградбата на овој станбен објект згрижуваме и обезбедуваме пристоен дом за 312 социјално ранливи семејства.  Во овој момент градиме преку 500 станови или инвестираме преку 3 милиони евра само оваа година”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор потенцираше дека во овој момент се градат социјалните згради во Виница, Неготино, Свети Николе и Пробиштип и најави до крај на месецот започнување на изградба уште три нови станбени згради.

“Очекувам дека до крај на овој месец ќе започнеме со изградба на три нови објекти наменети за социјално ранливи групи во Демир Капија, во Гевгелија и во Велес. До крај на годината започнуваме со уште три нови објекти”, изјави Кристијан Трајковски, директор на  АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката.

Градоначалникот на општина Бутел истакна дека е многу значајно што во општината се гради социјална зграда се со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани на кои им е неопходен дом.