БОРЧЕ ГИ ИЗРАДУВА ЖИТЕЛИТЕ НА РАШТАК : Општина Гази Баба потпиша договор со Министерство за финансии вреден 5 милиони денари донации за водоводна мрежа во селото и други проблеми на Раштанци!

0
256

👍Убава вест за жителите на Раштак. Денеска го потпишав договорот со Министерството за финансии, финансиран во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП). Станува збор за втората фаза од проектот за изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа во село Раштак во долната зона во должина од над 1.1км. 💧💧💧

Вредноста на новата инвестицијата изнесува над 5.000.000 денари. Со реализацијата на овој проект најголема придобивка ќе има месното население со што конечно овој децениски проблем ќе се реши а жителите ќе добијат снабдување со квалитетна и безбедна вода за пиење. 🚧 Проектот се очекува да биде реализиран до идната година напролет. – фејсбук статус на градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.