Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

БОРИС СТОЈМЕНОВ: СО ПОМОШ НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МОИТЕ СИНОВИ ОГРАБИЈА 30 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОМПАНИЈАТА ,,БС”

„Почитувана јавност!!!

Дали Република Македонија може да работи и функционира како правна држава?

Одговорот на горното прашање го бараме низ фамилијата како основна клетка на државата, затоа што правната држава мора да функционира и во фамилијата.

Како пример ја земам мојата фамилија заедно со синовите и случувањата во неа од аспект на владеењето на правната држава.

Или, конкретно, моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС, чијшто сопственик и основач сум јас со мојата сопруга (покојна), иако компанијата по сите правни норми им припаѓа ним.

Причините за грабежот, според мене, е непознавање на законите кои ја регулираат таа материја (поделба на имотот), како што се Законот за наследување и Законот за трговските друштва. Проблемот ќе се решел ако државата преку своите институции постапила според законите врз основа на кои работат институциите.

Конкретно, во овој грабеж е вмешан Централниот регистар на Репубика Северна Македонија, бидејќи оваа институција е овластена за оваа проблематика. Централниот регистар, злоупотребувајќи ги своите овластувања, кои произлегуваат од Законот за трговски друштва, погрешно го применила Законот и директно од незнаење го дозволил, дал согласност и го одобрил овој грабеж. Во случајот немало корупција, меѓутоа направена е штета во износ од над 30 милиони евра со неприменување на Законот за трговски друштва, што не го ослободува од одговорност Централниот регистар.

Според наши сознанија има многу такви случаи, особено за домашните фирми, а не за странските фирми.

Управата за јавни приходи учествува во овој грабеж, а причината е незнаење, а не корупција.

На сите учесници во овој грабеж и рушење на правната држава, на нашата мила Македонија, ќе им бидат поднесени соодветни кривични пријави од основна причина да придонесеме да владее правната држава“

Фејсбук статус на Борис Стојменов.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ