Борис Кондарко е новиот претседател на Државната изборна комисија, одлучија денеска пратениците. Кондарко е предлог на СДСМ. За потпретседател на ДИК е избран Абдуш Демири, предлог на движењето Беса. Во предлогот за усогласување на составот на ДИК за членови се предложени досегашниот претседател Александар Даштевски, кој е предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Дитмире Шеху од ДУИ и Оливер Ристевски, кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.
За ова усогласување на составот гласаа 74 пратеници. Поставувањето на нов претседател на ДИК доаѓа по смената на власта, а е во согласност со изборното законодавство со кое се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата. Кондарко е во Комисијата од јули 2018-та, на претседателската функција ја извршуваше и во периодот 2011 – 2013-та. По занимање е правник со искуство како адвокат и како пратеник од СДСМ.