Борис Камчев : Ова што му се случи на Саше Политико е секојдневие во Русија, таму новинарите редовно се претепуваат и убиваат!

0
992

По повод крвничкиот и кукавички напад на новинарот Sashe Ivanovski. Предупредувам, тактиките и начинот како злосторниците го извеле тоа, во близина на зградата каде живее Ивановски и со метални шипки и палки, многу потсетува на тоа како во изминатите 15 години беа напаѓани десетици и десетици новинари во Русија, од кои многумина починаа.

boriskamchev

Намерно или несвесно, поттикнато од некакви мрачни умови со закрвавен поглед кон Москва, Македонија, во една минијатурна верзија, стана истиот темен вилает за слободата на говорот што е воспоставен во Русија на Путин. Тоа ли се тие вредности кон кои се стремела оваа проклето авантуристичка и коруптивна власт на Груевски?

Предупредувам, Македонијо, не оди по истата бестрага каде моментално се наоѓаат Русија и Украина. Каде здравјето и животот на луѓето се толку девалвирани што не вредат ни копејка. Каде ретките истражувачки новинари не се ништо друго туку дивеч за отстрел. Каде не постои слобода на изразување и слобода на здружување и протестирање а самоцензура и инфантилна народна аполитичност и пасивност. Македонијо, не станувај постсоветска губернија на Москва. Не се продавај на самодоволната руска олигархија на која и онака и доаѓа крајот.

Режимите убиваат. Апсолутните режими убиваат апсолутно!

фб статус на Борис Камчев кој живее во Русија, новинар